Воените ветерани на УЧК, членови на Здружението на албанските политички затвореници во Македонија, студенти од тетовскиот Универзитет и граѓани во петок ќе протестираат пред српската амбасада во Скопје.
Протестот доаѓа по отстранувањето на споменикот во центарот на Прешево и апсења на група Албанци во регионот. Според Фазли Велиу српската влада ги тероризира Албанците во Прешевската долина. Протест се најавува против како што се вели дискриминаторската политика на Србија кон Албанците, особено оние кои живеат во Прешевската долина, Медвеѓe и Бујановац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.