| четврток, 6 декември 2018 |

Веле Смилевски: Убавината на уметноста е во предизвикот

Жи­во­тот и умет­но­ста ме­ѓу­себ­но се одг­ла­су­ва­ат, но ни­ко­гаш не се по­и­сто­ве­ту­ва­ат без оста­ток. Жи­во­тот од де­ло­то и ви­стин­ски­от жи­вот не се ма­те­ри­ја што ме­ха­нич­ки мо­же да се пре­ту­ра од еден во друг сад, вели Веле Смилевски кој ја доби наградата „Григор Прличев“ во Охрид

Веле Смилевски е годинешниот лауреат на наградата „Григор Прличев“. На свеченоста што во негова чест се одржа во Центарот за култура во Охрид во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ со која се одбележува годишнината од смртта на охридскиот поет и преродбеник, Смилевски потенцира дека изминатите дваесет години наградата „Григор Прличев“ дала значаен влог во стимулирањето на македонските поети во негувањето на поемата како една форма на поетско литерарно изразување.

– Наградите воопшто претставуваат свест за вредностите во една литература и во оваа смисла оваа ја доживувам како признание, сатисфакција за се она што го создавав изминатите 40 години, но и обврска за ангажманот натамошен што би можел да го имам на планот на литературата и културата. Меѓутоа, оваа награда добива уште повеќе во значење со името на големиот поет и преродбеник Григор Прличев, вториот Хомер, најблескавата творечка вертикала на Македонскиот 19 век – изјави Смилевски за наградата.

На по­ста­ри го­ди­ни, до­де­ка ја те­ра сед­ма­та де­це­ни­ја од жи­во­тот и сѐ уште е акти­вен ка­ко про­фе­сор на сту­ди­и­те по но­ви­нарс­тво го об­ја­ви пр­ви­от ро­ман, со про­во­ка­ти­вен нас­лов „По­ли­цај­ка в кре­вет“. Тој е и по­ет, ро­ман­си­ер, кри­ти­чар, на­у­чен со­вет­ник во Ин­сти­ту­тот за ма­ке­дон­ска ли­те­ра­ту­ра, кој не­о­дам­на го об­ја­ви и на­уч­ни­от труд „Ше­е­сет го­ди­ни ма­ке­дон­ски ро­ман“. По­вод за ин­терв­ју­то во неделникот „Ре­пуб­ли­ка“ беше не­го­ви­от прв ро­ман.

velesmilevski1

Вие сте по­ет, есе­ист, ли­те­ра­ту­рен кри­ти­чар и кни­же­вен на­уч­ник. Кој бе­ше по­во­дот на 64 го­ди­ни да го об­ја­ви­те Ва­ши­от прв ро­ман По­ли­цај­ка в кре­вет?

Ро­ма­нот „По­ли­цај­ка в кре­вет“ е ре­зул­тат на иде­и­те што во мо­јот  опус во вид на тво­реч­ки про­ект има­ат свој кон­ти­ну­и­тет. Со ог­лед на тоа де­ка жа­нрот е фор­ма на изра­зу­ва­ње на иде­ја­та, јас по­чув­ству­вав де­ка ро­ма­нот се­га ми ја да­ва таа шан­са, пре­ку еп­ско­то плат­но во сплет од со­стој­би, кон­сте­ла­ции, лич­но­сти и суд­би­ни, да го на­до­пол­нам тој про­ект со но­ви соз­на­ни­ја што се ре­зул­тат на тво­реч­ки­те и жи­вот­ни искус­тва од, ка­ко што ве­ли­те, сре­ди­на­та на сед­ма­та де­це­ни­ја од мо­јот жи­вот. Да би­дам по­кон­кре­тен: ос­нов­на­та иде­ја врз ко­ја е из­гра­ден ро­ма­нот „По­ли­цај­ка в кре­вет“ сво­и­те ко­ре­ни ги има во по­ет­ски­те кни­ги „Ка­фез“ и „Ди­ши дла­бо­ко“, об­ја­ве­ни во се­дум­де­сет­ти­те и во осум­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, за да про­дол­жи таа иде­ја во сти­хоз­бир­ка­та „За­бра­не­та кни­га“, об­ја­ве­на ми­на­та­та го­ди­на, и, ко­неч­но, во по­е­ма­та „Век за са­му­ва­ње“, ко­ја не­о­дам­на се по­ја­ви пред чи­та­те­ли­те и во што­ту­ку об­ја­ве­ни­от ро­ман „По­ли­цај­ка в кре­вет“. Са­ми­те нас­ло­ви на овие кни­ги упа­ту­ва­ат на иде­ја­та за сло­бо­да­та ка­ко со­стој­ба и за сло­бо­да­та на умет­нич­ко­то изра­зу­ва­ње на таа со­стој­ба.

Пр­ва­та ком­по­нен­та е ег­зи­стен­ци­јал­на, а вто­ра­та тво­реч­ка. Во умет­но­ста две­те ком­по­нен­ти функ­ци­о­ни­ра­ат ка­ко це­ли­на, тие за­ем­но се на­до­пол­ну­ва­ат и до­ре­ку­ва­ат низ есте­ти­ка­та, соз­на­ни­ја­та и по­ра­ки­те на пи­ша­ни­от збор.

Ва­ши­от ро­ман има про­во­ка­ти­вен нас­лов По­ли­цај­ка в кре­вет. Ко­ја е ос­нов­на­та со­др­жин­ска но­си­вост на де­ло­то?

velesmilevski3

Иде­ја­та на ро­ма­нот се раз­ви­ва пре­ку глав­ни­от лик, По­ли­цај­ка­та, ко­ја е бе­ле­жа­на по­ра­ди сво­ја­та вклу­че­ност во ор­га­ни­зи­ра­на­та ак­ци­ја со ко­ја на про­сти­ту­ци­ја­та тре­ба да ѝ се обез­бе­ди трет­ман на про­фе­си­ја. Пр­ви­те за­ка­ни сле­ду­ва­ат по ус­пе­хот, а По­ли­цај­ка­та си при­пи­шу­ва дел од тој ус­пех се­бе­си, ко­га про­сти­ту­ци­ја­та од За­во­дот за ста­ти­сти­ка во Стан­дард­на­та кла­си­фи­ка­ци­ја е за­ве­де­на во гра­фа­та на за­ни­ма­ња ка­ко про­фе­си­ја. Вед­наш по­тоа на „Фејс­бук“ се по­ја­ву­ва­ат мон­ти­ра­ни фо­то­гра­фии со неј­зи­ни­от лик и со го­ло те­ло на же­на на кое пре­ку срам­но­то, со го­ле­ми ци­фри е за­пи­ша­на ши­фра­та 5169.03. По­ли­цај­ка­та знае де­ка тоа до­а­ѓа од ко­ле­ги од Цен­та­рот за ана­ли­за и спре­чу­ва­ње на тр­го­ви­ја со лу­ѓе, кои сме­та­ат де­ка таа ра­бо­ти спро­тив­но на одред­би­те на Кри­вич­ни­от за­ко­ник. Во ми­го­ви­те на са­мо­ис­пи­вед неј­зи­ни­от ре­зон ја истак­ну­ва ток­му та­ква­та спро­тив­ност: „Тие не мо­жеа да ја раз­бе­рат и да ја при­фа­тат мо­ја­та бор­ба за чо­ве­ко­ви­те пра­ва“, ве­ли По­ли­цај­ка­та. „Ме сме­сту­ваа во сфе­ра­та на гра­ѓан­ски­от се­ктор и ве­леа де­ка та­ква­та актив­ност се не­ги­ра со ра­бо­та­та во на­ша­та про­фе­си­ја. Тие пов­ле­ку­ваа цр­ве­на ли­ни­ја ме­ѓу про­фе­си­о­нал­но­то и чо­веч­ко­то. Тие не мо­жеа да раз­бе­рат де­ка не по­сто­јат гра­фи што ќе ја за­ро­бат ху­ма­но­ста и жел­ба­та да им се по­мог­не на тие што ра­бо­тат за да пре­жи­ве­ат, скр­ше­ни во сво­е­то до­сто­инс­тво. Ме уби­ва­ше нив­но­то ли­це­мерс­тво би­деј­ќи во се­којд­нев­на­та  ра­бо­та, во тој сло­жен и не­об­јас­нив сплет од окол­но­сти и со­од­но­си, си­те ние се про­сти­ту­и­рав­ме на раз­лич­ни на­чи­ни“.

Кол­ку оваа при­каз­на за По­ли­цај­ка­та во Ва­ши­от ро­ман е дел од ви­стин­ски­от жи­вот. Мо­же­ме ли да збо­ру­ва­ме за до­ку­мен­тар­на ос­но­ва на де­ло­то?

Еден од ли­ко­ви­те во ро­ма­нот „По­ли­цај­ка в кре­вет“ ве­ли „на­ши­от жи­вот е дел од не­за­вр­ше­на при­каз­на“ и не­ко­гаш „не­кој друг ќе ги на­до­пол­ну­ва праз­ни­ни­те во таа при­каз­на“.  Ова упа­ту­ва на фа­ктот де­ка тој Не­кој Друг е, всуш­ност, пи­са­те­лот. Се­га, ко­га ро­ма­нот е де­фи­ни­тив­но на­пи­шан, ко­га чи­та­те­лот со сво­ја­та има­ги­на­ци­ја го има не­о­гра­ни­че­но­то пра­во да го жи­вее и до­жи­ву­ва ка­жа­но­то на свој на­чин, са­кам да по­тсе­там де­ка жи­во­тот и умет­но­ста ме­ѓу­себ­но се одг­ла­су­ва­ат, но ни­ко­гаш не се по­и­сто­ве­ту­ва­ат без оста­ток, де­ка жи­во­тот од де­ло­то и од ви­стин­ски­от жи­вот не се ма­те­ри­ја што мо­же ме­ха­нич­ки да се пре­ту­ра од еден во друг сад. Та­кви­от обид прет­ста­ву­ва симп­ли­фи­ци­ра­ње, по­ед­но­ста­ву­ва­ње, оси­ро­ма­шу­ва­ње и  упро­сту­ва­ње на жи­во­тот, од ед­на стра­на, и на умет­но­ста, од дру­га. А, уба­ви­на и прив­леч­ност на жи­во­тот и на умет­но­ста се во сло­е­ви­то­ста, раз­лич­но­ста, не­из­вес­но­ста, не­на­деј­но­ста и пре­диз­ви­кот за про­ник­ну­ва­ње во не­поз­на­то­то.

velesmilevski4

До­бит­ник сте на нај­ви­со­ки­те кни­жев­ни приз­на­ни­ја кај нас: на­гра­да­та за нај­до­бра по­ет­ска кни­га на го­ди­на­та Ацо Шо­пов, на­гра­да­та Бра­ќа Ми­ла­ди­нов­ци на ју­би­леј­ни­те Стру­шки ве­че­ри на по­е­зи­ја­та, на­гра­да­та Гри­гор Пр­ли­чев за нај­до­бра по­е­ма, ка­ко и на др­жав­на­та на­гра­да 11 Октом­ври за жи­вот­но де­ло од об­ла­ста на умет­но­ста. Ка­ко вли­ја­ат на­гра­ди­те на Ва­ше­то тво­реш­тво?

Со ог­лед на мо­и­те по­од­ми­на­ти го­ди­ни од жи­во­тот, имам пра­во на ра­бо­ти­те да им при­о­ѓам со из­вес­на за­др­шка и со нуж­на емо­тив­на ди­стан­ца. Од овој ас­пект, на­гра­ди­те мо­жат да би­дат и приз­на­ние за тоа што е по­стиг­на­то и об­вр­ска за тоа што евен­ту­ал­но би мо­же­ло да се на­пра­ви во ид­ни­на, но бит­но е тие да би­дат оправ­да­ни од са­ми­те де­ла во вре­ме­то што до­а­ѓа, кое е не­при­кос­но­вен су­ди­ја за вред­но­сти­те. Спо­ред тоа, оста­ну­ва де­ла­та да го ле­ги­ти­ми­ра­ат авто­рот и да му го одре­дат ме­сто­то во хи­е­рар­хи­ја­та на вред­но­сти во тво­реш­тво­то и кул­ту­ра­та.

Ка­ко ја оце­ну­ва­те мо­мент­на­та со­стој­ба во ма­ке­дон­ска­та ли­те­ра­ту­ра? Што е ка­ра­кте­ри­стич­но за се­гаш­ни­от тренд на кни­жев­ни­от жи­вот кај нас?

Нај­важ­но е де­ка кај нас се по­ја­ву­ва­ат до­бри де­ла во ед­на сѐ по­наг­ла­се­на жа­нров­ска, со­др­жин­ска и стил­ско-израз­на раз­но­о­браз­ност. Тие де­ла се при­лог во раз­вој­ни­те про­це­си на со­вре­ме­на­та ма­ке­дон­ска ли­те­ра­ту­ра. Но, во отсус­тво на те­ков­на ана­ли­тич­ка кри­ти­ка, на на­ша­та кни­жев­на сце­на ја гле­да­ме прет­ста­ва­та на ед­на за­доц­не­та фолк­лор­на фа­за, чиј­што бе­лег е про­мо­торс­тво­то ка­ко пра­ма­тарс­тво! Ед­на очиг­лед­на инф­ла­ци­ја на про­мо­ции, не­при­мер­на за раз­ви­е­ни­те кни­жев­ни сре­ди­ни, ѝ да­де про­стор на не­кри­тич­ка­та, при­год­на и здо­дев­на ко­ке­те­ри­ја со ли­те­ра­ту­ра­та. Ва­ква­та по­ја­ва се тол­ку­ва ка­ко обид, под пре­ве­зот на до­бра­та на­ме­ра, да се ин­тер­ве­ни­ра во сли­ка­та на вред­но­сти, но искус­тво­то во кни­жев­но­ста и во умет­но­ста, во­оп­што, збо­ру­ва де­ка во оваа об­ласт оп­сто­ју­ва са­мо тоа што по при­ро­ден пат, низ спон­та­на ко­му­ни­ка­ци­ја, зра­чи со сво­ја­та естет­ска пол­но­та. За сре­ќа, ма­ке­дон­ска­та ли­те­ра­ту­ра ги има тие вред­но­сти. Сѐ дру­го е при­друж­на ма­те­ри­ја што ќе се за­гу­би низ пра­вта на вре­ме­то.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра Маз­не­ва – Бун­да­лев­ска

Фо­то: Игор Ан­ге­лов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top