| четврток, 6 декември 2018 |

Љубчо Георгиевски: Ние сме трета партија во земјата и треба да бидеме во Парламентот

ljubcogeorgievskiЦентралниот комитет на ВМРО-Народна партија на денешната седница, која се одржа во Домот на АРМ во Струмица ја истакна подготвеноста на оваа партија за учество на редовните претседателски и евентуалните предвремени Парламентарни избори. Oд денешниот состанок на Централниот комитет произлезе Декларација за заштита на ликот, делото и светоста на светецот Свети Климент.

-Упатувајки честитки до македонските верници за денешниот празник, патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент Охридски, апелирам до верниците и до Црквата, дека за жал, патронот во последните години е загрозен, директно од неопаганистички процеси и со антиквизацијата, самите ние правиме голема штета, каква што никој досега не ја има направено – нагласи Љубчо Георгиевски.

Тој истакна дека поизвесни се предвремени Парламентарни избори, кои ќе се одржат со редовните Претседателски избори.
-Следејќи ги реакциите на главните политички партии, скоро е јасно дека напролет ќе има предвремени Парламентарни избори. За таа цел ние денес ги утврдивме појдовните мерки и активности за активирање на нашето членство на локално и на државно ниво. Сметаме дека ВМРО-НП и понатаму е трета партија во Македонија и треба да биде застапена во парламентот – рече лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски.

ВМРО-НП останува и на наредните избори да биде дел од Сојузот за иднината на Македонија.

Извор: Струмица нет

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top