По вчерашниот изненадувачки пораз од Њукасл тренерот на Манчестер Јунајтед Дејвид Мојес изјавува дека „црвените ѓаволи“ воопшто не се без шанси за освојување на титулата иако заостанува зад Арсенал, Ливерпул, Челси и Манчестер Сити.
– Сезоната е долга и има уште многу натпревари. Овој тим има капацитет за освојување на титулата и ќе се бориме до крај за неа. Кој вели дека титулата е недостижна? – изјави Мојес по натпреварот со Њукасл.
Околу озборувањата дека дека Робин Ван Перси сака да го напушти клубот, Мојес додаде:
– Нема никаква вистина во тоа. Ван Перси не соопштил такво нешто во клубот нити сака да го напушти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.