Градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски, денеска даде отчет за досега сработеното во неговата општина, нагласувајќи дека ќе продолжи да работи транспарентно и во интерес на неговите сограѓани.
-Во изминатиов период работевме совесно и одговорно со цел она што го ветив на моите граѓани на локалните избори истото да почнеме да го реализираме. Работевме на сите полиња и во соработка со Советот на Општина Петровец ги донесовме сите потребни одлуки од кој зависеше реализацијата на мојата програма- рече Митевски, набројувајќи дека од сработеното во општината.
-Да напоменам дека отпочнавме со изградба на нова училишна зграда на Основното Училиште „Кочо Рацин” во Петровец со што и комплетно ќе бидат реконструирани и ново изградени сите училишта во нашата Општина. Паралелно со овие активности во тек е изградбата на на водоводна мрежа, во должина од 2000 метри во мултифункционалната зона Ќојлија. Имањето на водовод и квалитетна вода за пиење, постоењето на канализациона мрежа, одржувањето и реконструкцијата на патната инфраструктура, изградбата и одржувањето на парковите и зеленилото е облас која секој граѓанин ја чувствува во неговото секојдневно живеење. Со цел да ги подигнеме стандардите на живеење на сите наши сограѓани, на ова поле успеавме да ја завршиме првата фаза од одводната фекална канализација во населено место Петровец“ – додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)