Екипите на Кожув и Лирија се враќаат со полн плен од гостувањата во Кавадарци и Битола.
Кожув го совлада Фени со 77-83, а најзаслужен за победата беше Миладин Пековиќ со 14 поени. Во тимот на домаќините напрецизен беше Игор Бјелиќ со 17 поени.
Лирија уште полесно стигна до победата против Пелистер. Гостите од Скопје славеа со 56-87, а клучната разлика ја направија уште во првата четвртина која ја добија со 28-10. Најдобар стрелец беше Горан Самарџиев со 18 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.