По поразот на Манчестер Јунајтед од Њукасл во првиот меч од 15. коло во Премиер лигата, менаџерот на „црвените ѓаволи“ Дејвид Мојес со сигурност може полека да почне да ги пакува куферите, бидејќи во клубот немаат веќе трпение за лошите резултати кои ги постигнува екипата.
Победничкиот гол го постигна Французинот Кабаје кој го искористи пропустот на одбраната на домашната екипа која до тој момент Видиќ ја имаше под контрола.
Она што е интересно е дека со голот на Кабаје се продолжува серијата на голови кои ги постигнуваат Французи во тимот на Њукасл, односно 19 од 20 погодоци.
Јунајтед со овој пораз и понатаму останува на деветото место на табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата
-
Премиер лигата конечно ќе добие зимска пауза, но нема да стартува од следната сезона
-
Премиерлигашите потрошија рекордни 430 милиони фунти во зимскиот трансфер период


