Сергеј Самсоненко е подготвен за нов предизвик и ја прифати поканата на навивачите на фудбалскиот клуб Вардар, а деновиве треба само и официјално да биде потврдено дека рускиот бизнисмен е новиот спонзор на актуелниот шампион. По РК и ЖРК Вардар, Самсоненко ќе биде финансиер и на ФК Вардар, велат доброупатени извори за „Република“.
Објавата требаше да се случи денеска за време на прес-конференцијата на ракометниот клуб Вардар, пред дуелот со Мешков Брест, но дојде до мало одложување на промоцијата на Самсоненко, како нов спонзор на ФК Вардар.
Голема заслуга за проширувањето на финансиската поткрепа од Русинот од ракометот кон фудбалот и формирање на трилинг екипи со црвено-црни бои имаат и навивачите на Вардар.
Тие му испратија отворена покана на Самсоненко да го преземе и фудбалскиот клуб на ракометното дерби меѓу РК Вардар и Металург во Лигата на шампионите.
„Светски човек за европски клуб, повели во ФК Вардар“, беше паролата истакната од навивачите на Вардар.
Сега останува само да се допрецизира формата и начинот на функционирање на најтрофејниот фудбалски клуб под команда на Сергеј Самсоненко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“