| четврток, 6 декември 2018 |

Кучи: На Косово не му треба платформа за северниот дел

Косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи смета дека на Косово не му треба платформа за функционирање на правото во северниот дел.

Кучи ова го изјави неколку часа откако српската влада усвои резолуција со која се утврдуваат српските позиции во преговорите за Косово. Вицепремиерот исто така истакна дека Косово никогаш нема да се откаже од својот северен дел.

– Секој треба да знае дека северниот дел на Косово е дел од оваа држава и така ќе остане и во иднина, изјави Кучи.

Кучи смета дека надворешното мешање не може многу да им помогне на косовските Срби и потсети дека северниот дел на Косово ќе биде основна тема на средбата на премиерите на Косово и на Србија што ќе се одржи на 17 јануари во Брисел.

– Нема потреба да има платформа која треба да инсистира на отстранување на српските безбедносни структури, јавното финансирање и немешање во внатрешните работи на Косово. Што е потребно за Северно Косово е вметнато во рамките на пакетот на Ахтисари и косовскиот устав. Се разбира, детали, рокови и услуги за имплементација на овие документи може да биде предмет на дискусија, рече Кучи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top