Во текот на вчерашниот ден и денес во раните утрински часови, припадниците на Единицата за борба против криминалот “Алфа“, по претходно издадени судски наредби и телеграми лоцираа и приведоа три лица од Скопје.
Така денеска околу 05,20 часот лоциран и приведен е Семих З. (24) од Скопје заради издржување на затворска казна во траење од три години заради извршено кривично дело – “разбојништво.“ Вчера, пак, околу 17,20 часот на ул. “Тодор Чангов“, пронајден е Јордан М. (40) од Скопје, којшто е пациент на Психијатриската болница во Демир Хисар а не се вратил на лекување.
Исто така, вчера, по претходно добиени оперативни сознанија, околу 21,15, часот лоцирано е лицето С.Ј. (35) од село Арачиново кој што е баран врз основа на две наредби од Основниот суд Скопје 1. Тој бил лоциран на паркинг-просторот пред пицеријата “Авани“ во с. Арачиново, во пракирано ПМВ марка Голф со скопски регистарски таблички, и иако се обидел да побегне оштетувајќи едно службено полициско возило е фатен, лишен од слобода и предаден во ПС Гази Баба.
Инаку, во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови, поточно околу 00,20 часот, по претходно примена пријава за вршење кривично дело кражба од страна на тројца непознати сторители кои од ПМВ марка “Алфа Ромео“со скопски регистарски таблички паркирано на бул.“АВНОЈ“, припадниците на “алфите“ привеле четири лица. Лицата, се обидувале да ги оштрафат и одземат тркалата од возилото а четрвиот сторител ги чекал во паркирано ПМВ марка “Сеат Ибица“со скопски регистарски таблички. Во брзата интервенција на “алфите“’ од слобода се лишени Б.М. (16), С.Б. (20) и Ј.Б. (21) сите од Скопје, а четвртиот сторител Р.Е. (20) кој го оставил возилото и избегал во правец на зградите на ул. “Ордан Чопела“, е набргу пронајден и фатен. Лицата се лишени од слобода и предадени во ПС Аеродром.
– See more at: http://moi.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=12959&mid=1367&tabId=358&tabindex=0#sthash.1NmhiLTI.dpuf
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Им рекле дека ќе им ги скршат мобилните телефони: „Алфи“ им се заканувале на гласачи во Бутел
-
Брканица по скопските улици: Сакал да им избега на „aлфите“, па удрил во службено лице
-
Ограбена бензиска во Центар, крадецот веднаш фатен од „алфите“