| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена бензиска во Центар, крадецот веднаш фатен од „алфите“

Ноќва околу 3 часот, Е.Б. – вработен на бензинска пумпа лоцирана на ул. „Никола Карев“, во ЕИК Скопје пријавил дека непознат маскиран сторител му извршил разбојништво. Сторителот со закана со пиштол одзел неутврдена сума на пари, по што побегнал во непознат правец.

Од страна на единицата „Алфа’ лицето е фатено и приведено во полициската станица во Центар, утврден му е идентитетот и се работи за  В.И. од Делчево.

Се преземаат мерки за целосно  расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top