Најтрофејната репрезентација на планетата, Бразил, заедно со Италија, втора по бројот на титули на мундијалите, потоа и Франција и Австралија. Тоа е најтешката група што беше извлечена на пробната ждрепка за Светското првенство во Бразил, кое ќе се игра летово.
Вистинското извлекување на групите е денеска од 17 часот, но интересно е да се погледне како помина пробата, односно симулацијата на ждрепката. Актуелниот светски првак Шпанија, која важи за најнепосакуван противник, според анкетата што ја спроведоа шпанските медиуми, би имала тешка задача, ако биде во група како таа на пробната ждрепка, со Англија, Брегот на Слонова Коска и со Јужна Кореја.
Еве го составот на групите од пробната ждрепка:
Група А: Бразил, Франција, Австралија, Италија
Група Б: Уругвај, Нигерија, САД и Хрватска
Група Ц: Аргентина, Гана, Костарика и Русија
Група Д: Швајцарија, Чиле, Јапонија, Грција
Група Е: Шпанија, Брегот на Слонова Коска, Англија и Ј. Кореја
Група Ф: Колумбија, Камерун, Холандија и Хондурас
Група Г: Германија, Еквадор, Иран и Португалија
Група Х: Белгија, Алжир, Мексико и БиХ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


