Влезот на една земја во ЕУ им овозможува на политичарите полесно да си ја тераат корупцијата, а не обратно како што генерално се мисли. Ова произлегува од интервјуто на Моника Маковеј, познатиот борец против корупцијата и реформатор на романското правосудство, за хрватскиот портал Индек.хр. Маковеј бара мониторинг мерки за Хрватска по влегувањето на оваа земја во ЕУ.
„Прво сакам да им дадам поддршка на хрватските власти да продолжат со борбата против корупцијата и судските реформи се додека тие не станат неповратни. На овој начин, сакавме да се обезбеди политичка волја за борба против корупцијата што се случува на највисоко политичко ниво, како и против оние политичари кои се поврзани со криминал без оглед на тоа дали се на власт или во опозиција.
Научените лекции од 2004 година до 2007 година укажуват на тоа дека на Хрватска и треба овој механизам. Погледнете што се случува денес во Словенија со нивната антикорупциската комисија, или она што се случи во Бугарија и Романија, откако тие се приклучија на Европската унија. Погледни сите оние обвинувања за корупција што се случиле во земјите кратко време по приклучувањето кон Европската унија! Политичарите и високите функционери едноставно не сакаат да бидат предмет на истрага и да го изгубат нелегално стекнатиот имот. Всушност никој не сака! Разликата е во тоа што политичарите можат да се извлечат од тоа сценарио, бидејќи тие ја имаат власта во свои раце, вклучувајќи го правото да ги променат законите или судската власт да се намали или ослабне телото задолжено за истрагата. Обичните луѓе не можат.
По пристапувањето на Европската унија, таквите работи стануваат многу полесни за политичарите. Во интерес на хрватскиот народ и нивната благосостојба е да се спроведе реформи и да го даде подобар живот. Правдата мора да биде иста за обичниот човек и политичарите“, вели меѓу другото Маковеј.
Романската ексминистерка за правда Моника Луиза Маковеј, позната како „Челичната“ дама од Букурешт даде во интервју за минатиот број на „Република“ во кое бара да се овозможат услови за организирање на претстојните локални избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ГРЕКО: Македонија спровела само шест од 19 препораки за борба против корупцијата, резултатите разочарувачки
-
Браво за СДСМ, и Африка стана подобра од Македонија!
-
Скандал во Шпанија од големи размери, уапсен претседателот на фудбалската федерација
-
За кого навиваат познатите светски личности, политичарите, кралевите? (видео)