Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, сака да остане запаметен не само по тоа што беше одличен фудбалер, туку и како иноватор во фудбалските правила на игра бидејќи повторно дојде до револуционерна идеја.
По воведувањето дополнителен судија и „соколово око“, Платини сака да воведе промена на санкционирањето на натпреварите, односно, наместо жолти картони, да се воведат временски исклучувања, како, на пример, во рагби или хокеј.
– Би го променил сегашниот систем на казнување и би вовел нешто слично на она во рагбито, а тоа е наместо жолти картони, играчите да добиваат временско исклучување од 10 до 15 минути – вели Платини, кој рече дека ова засега е само идеја, но дека не е невозможно да се спроведе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Ако има неправилности во тендерите ќе барам ревизија
-
Нови правила во српската полиција: Не смее да се носат шишки, фарбани мустаки се дозволени ако одговараат со косата
-
Измени во правилата во НБА, намален бројот на тајмаути
-
Правилата во Франција се јасни, Раниери не може да биде тренер во Нант