Македонскиот јазик е нашиот идентитет. Се препознаваме токму по него и треба да го негуваме особено меѓу младите, зошто тие се нашата иднина. Неговата правилна употреба, напливот на туѓи зборови во време на брз развој на технологијата, а друга страна истрајноста и работата да го сочуваме во неговата вистинска форма е инспирација за традиционалната трета по ред „Вечер на македонскиот јазик“.
Вечерта е во организација на учениците од СЕПУГС „Арсени Јовков“, која ќе се одржи денеска во 17.30 часот во Драмскиот театар – Скопје.
Во програмата се опфатени повеќе сегменти од јазикот и неговата употреба, преку соодветни драматизации и тоа:
– македонскиот јазик во македонската поезија;
– македонскиот јазик во македонскиот роман;
– македонскиот јазик во македонскиот филм;
– македонскиот јазик во македонската музика;
– македонскиот јазик во клише муабетите – во практиката;
– македонскиот јазик и користењето на сленг и дијалекти.
Токму затоа потребна ни е вашата поддршка, а тоа е вашето присуство на патот кон негувањето на македонските трајни вредности, а тоа е пред сè јазикот.
Годинешното мото на вечерта на македонскиот јазик е: „Твориме, создаваме и зборуваме на македонски јазик“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.