| четврток, 6 декември 2018 |

Бучковски: Грција нема да попушти без притисок од Вашингтон, Берлин и од Брисел

Со­фи­ја мо­же да би­де вто­ра­та Ати­на, па тре­ба на­вре­ме да се пре­срет­не при­каз­на­та око­лу ма­ке­дон­ско-бу­гар­ски­те од­но­си за да не кул­ми­ни­ра­ во не­са­ка­на на­со­ка. Зо­што би ро­бу­ва­ле на по­греш­на­та по­ли­ти­ка на не­кол­ку­ми­на? – по­со­чу­ва по­ра­неш­ни­от пре­ми­ер Вла­до Буч­ков­ски, кој не ги крие пре­тсе­да­тел­ски­те ам­би­ции.

Акту­ел­но е при­се­ту­ва­ње­то на Ан­дов за ста­вот на пр­ви­от пре­тсе­да­тел Гли­го­ров за пред­ло­гот Слав­јан­ска/Сло­вен­ска Ма­ке­до­ни­ја. Вие бе­вте и пре­ми­ер, да­ли оваа иде­ја се вр­те­ше низ ви­со­ки­те кру­го­ви во пар­ти­ски­от врв?
Бучковски: Не во пер­и­о­дот ко­га јас бев пре­ми­ер, од де­кем­ври 2004 го­ди­на до август 2006 го­ди­на, ко­га Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја има­ше сил­ни по­зи­ции, а сил­ни­те по­зи­ции ги гра­дев­ме врз ос­но­ва на парт­нерс­тво­то што го имав­ме то­гаш со САД, во еден кон­тро­вер­зен пер­и­од ко­га во 2003 го­ди­на има­ше су­ди­ри ме­ѓу нај­сил­на­та член­ка на НАТО, тоа е Гер­ма­ни­ја, за опе­ра­ци­ја­та во Ирак, а ние за­ста­нав­ме на стра­на­та на САД и поч­нав­ме да гра­ди­ме спе­ци­јал­ни ре­ла­ции на парт­нерс­тво и на со­јуз­ниш­тво со тоа зац­вр­сту­вај­ќи ги сво­и­те по­зи­ции во ре­ги­о­нот. Јас мо­жам са­мо да шпе­ку­ли­рам, а не са­кам да го пра­вам тоа на оваа чув­стви­тел­на те­ма. Во пер­и­о­дот ко­га бев пре­тсе­да­тел на Вла­да­та имав­ме иск­лу­чи­тел­но до­бри по­зи­ции. Имав­ме два иск­лу­чи­тел­но до­бри пред­ло­га, кои, за жал, Гр­ци­ја не ги при­фа­ти. Во тој пер­и­од ду­ри и твр­до­кор­ни­от Ка­ра­ман­лис и не­го­ва­та ми­ни­стер­ка за над­во­реш­ни ра­бо­ти Ба­ко­ја­ни ве­ќе поч­наа да омек­ну­ва­ат и да ин­си­сти­ра­ат Ма­ке­до­ни­ја да вле­зе во НАТО со при­вре­ме­на­та ре­фе­рен­ца. Се пла­шеа де­ка Аме­ри­кан­ци­те, по приз­на­ва­ње­то на на­ше­то устав­но име, мо­же да про­дол­жат со при­ти­со­кот кон Гр­ци­ја да дој­де до ре­ше­ние што би ги рес­пе­кти­ра­ло ма­ке­дон­ски­те по­зи­ции. Во овие окол­но­сти де­нес, би­деј­ќи грч­ки­те цр­ве­ни ли­нии се јас­ни, сме­там де­ка не е мож­но ре­ше­ние. Мо­ја про­це­на е де­ка ќе им по­мог­не­ме, пред сѐ на САД, а мис­лам и на Гер­ма­ни­ја, ако и ние ги ис­цр­та­ме на­ши­те цр­ве­ни ли­нии. И мис­лам де­ка ту­ка мо­же да се по­стиг­не кон­сен­зус. Пос­лед­на­та из­ја­ва на За­ев, ко­ја од не­кои лу­ѓе бе­ше про­тол­ку­ва­на ка­ко дра­стич­на про­ме­на на не­го­ви­от став имај­ќи пред­вид што го­во­ре­ше во 2008 го­ди­на ко­га бе­ше в.д. пре­тсе­да­тел на СДСМ – ко­га го­во­ре­ше за прис­по­соб­ли­вост, за ба­ра­ње на­чин Ма­ке­до­ни­ја да по­ка­же до­пол­ни­тел­ни от­стап­ки, се­га мис­лам де­ка оди кон приб­ли­жу­ва­ње на ста­во­ви­те што ги прок­ла­ми­ра ВМРО-ДПМНЕ во из­ми­на­ти­те шест го­ди­ни.

Целото интервју погледнете го во видеото

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top