| четврток, 6 декември 2018 |

Го врзале за столб и го тепале за да им даде дрога

vrzan narkoman droga

Двајца охриѓани се уапсени затоа што грабнале жител на селото Долно Лакочереј, го ставиле во автомобил и тепајќи го му барале хероин. Кога не успеале така да дојдат до дрога, го извадиле од автомобилот, го врзале за столб и продолжиле со тепањето. И покрај ова, нападнатиот успеал да избега и да ги пријави во полиција.

СВР Охрид соопшти дека поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело противправно лишување од слобода, секторот за внатрешни работи Охрид против лицата С.П.(32) и А.Д.(29), двајцата од Охрид, поднесе кривична пријава. Пријавата против лицето С.П. се однесува и за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

На 28 минатиот месец, пријавените противправно му ја ограничиле слободата на движење на лицето Г.С. (34) од селото Долно Лакочереј и присилно го ставиле во нивното патничко моторно возило марка „алфа ромео“ по што на патот кон селото Орман физички го нападнале барајќи му 10 грама опојна дрога хероин. Во близина на резервоарот кај селото, притворените на оштетениот Г.С. со пластифициран конец му ги врзале рацете за метален столб и физички го нападнале упатувајќи ми сериозни закани по неговиот живот.
На враќање кон возилото, оштетениот Г.С. искористил момент на невнимание на пријавените и успеал да побегне.
При претрес во домот на С.П. пронајдени се 20 грама марихуана како и други предмети кои се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Инаку, пријавените се лица познати на службата како извршител на вакви и други казнени дела против кои и досега биле поднесувани пријави по слични и други основи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top