| четврток, 6 декември 2018 |

Нова победа на Атланта, Антиќ повторно не играше

atlanta clipers

Екипата на Атланта хоукс ноќеска ја извојува десеттата победа во годишната НБА-сезона. „Јастребите“ овој пат беа подобри од тимот на Л.А. Клиперс со 107-97. Најдобри во тимот на Атланта, каде што настапува и нашиот Перо Антиќ, беа Пол Милсап со 25 поени и 9 скока, Кајл Корвер со 23 поени и шест скока и Ал Хорворд со 21 поен и 8 скока.

Кај гостите најдобар играч беше Блејк Грифин со 24 поени.

Перо Антиќ и овој пат не влезе во игра по одлука на тренерот. По дваесет првенствени натпревари Атланта има израмнет скор од 10 победи и 10 порази.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top