Од почетокот на годината до декември на Инфективната клиника во Скопје се јавиле 871 граѓанин каснати од куче, објави „Мк њуз“.
Секој сопственик на куче на влезната врата треба да постави табла со која се укажува на присуство на куче, без разлика дали е опасно. Kучето на јавно место задолжително мора да се води со подводник, а ако е опасно, мора да носи и корпа преку устата, освен на специјални места, како паркови за миленици, каде што кучето може слободно да трча во присуство на сопственикот. Агенцијата за храна и ветерина (АХВ) подготви измени и дополнувања на Законот за благосостојбата на животните, со кој, меѓу другото, се уредуваат обврските на сопствениците на домашни миленици. Со измените се отвора можност за поефикасно казнување на сопствениците на кучиња, кои често ги шетаат по улиците и парковите без синџир и без корпа и неретко се случува граѓани да бидат каснати.
Kазна од 30 евра во денарска противвредност ќе добие сопственикот што не го води кучето врзано. Ако го напушти миленикот, ако ја поттикнува агресивноста и врши хируршки интервенции, казната изнесува 150 евра. Оној што нема да го пријави кучето на ветеринар ќе биде казнет со 30 евра, а толкава е казната и ако на влезот нема табла „пази куче“. Со 3.000 евра ќе се казни физичко лице ако предизвикува болки, патење или повреди на животните. Овие законски одредби и казни ќе ги спроведуваат и државните и општинките комунални инспектори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.