| четврток, 6 декември 2018 |

Преглед ќе може да се откаже со СМС

Од 16 декември официјално стартува проектот за известување на пациентите за датумот и за часот на нивниот закажан термин за преглед во јавните здравствени установи преку СМС, објави „Утрински“. Првите пораки за закажани прегледи беа испратени на 1 декември, а дневно ќе бидат испраќани преку 5.000 пораки.

Доколку не можат да дојдат на лекар, освен преку матичниот лекар, пациентите ќе можат да го откажат прегледот заведен како „мој термин“ и со СМС. Тоа ќе може да го сторат најдоцна еден час пред прегледот, но најдобро е еден или два дена пред закажаниот термин. Оваа новина во електронскиот систем на закажување ќе стартува од 16 декември и со неа ќе се овозможи оние пациенти кои од разни причини не можат да дојдат на лекар, да го ослободат терминот за друг пациент, со што ќе се намалат и листите на чекање. Новата алатка ќе биде искористена и за лекарите со која ќе се информираат колку болни за преглед ќе имаат следниот ден и со какви дијагнози.

– Со новината не само што ќе се намали времето за чекање за преглед и дијагностика, туку ќе се овозможи и поквалитетна здравствена услуга. Со самото тоа што лекарите ќе знаат колку пациенти ќе имаа следниот ден и со какви дијагнози, тие ќе може да се подготват, ако треба и нешто дополнително да прочитаат или, пак, да разменат мислење со своите колеги за одреден случај – ги истакна придобивките на новината министерот за здравство Никола Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top