| четврток, 6 декември 2018 |

Одбрана на судењето „Агент“: Ние ја спасувавме Македонија

slobodan-bogoevski-1

Ние ја спасувавме Македонија од тужба пред меѓународен суд, а вие ни судите за криминал. Ова е дел од одбраната на осомничените за проневера на еден милион евра во случајот „Агент“. Обвинетите се товарат дека незаконски стекнале корист, а тие тврдат дека во случајот нема оштетена страна, јави „Канал 5“.

За две недели Кривичниот суд ќе ја објави пресудата за ексразузнавачот Слободан Богоевски, двајцата адвокати Томановиќ и Пешликовски и уште тројца обвинети во случајот познат како „Агент“.

Тие денеска на рочиштето за завршни зборови побараа ослободителна пресуда и негираа перење пари и  какви било злоупотреби со земјиштето кај базенот во Карпош.

– Совеста ми е чиста, противправно не сум стекнал ниту едно евро – рече адвокатот Томановиќ.

И тој и Богоевски објаснуваа оти нелогично е да одговараат дека стекнале незаконска корист кога во судскиот процес нема оштетена страна. Адвокатите велат во случајот станува збор за нормални облигациони односи и нема никаков криминал.

Според обвинетите, со договорите тие ја спасиле Македонија да биде дадена пред арбитражен суд бидејќи државата во 2000 година на кипарската фирма на бизнисменот Кондаминас ѝ продала земјиште кое не било нејзино.

Богоевски и двајцата адвокати речиси осум месеци се во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top