Драмски театар во Скопје се вклучува во хуманитарни акции. Од Драмски соопштуваат дека претставата „Кавкаски круг со креда“, која ќе се прикаже идниот петок, на 13 декември, ја наменуваат за хуманитарни цели. Собраните средства ќе се донираат во Домот за деца без родители „11 Октомври“ – Скопје. Цената на билетот е 300 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.