| четврток, 6 декември 2018 |

Тутунска банка ја презеде А1

NLB Tutunska

Започна постапката за примопредавање на имотот на некогашната А1 Телевзија во рацете на доверителот НЛБ Тутунска Банка. Тимови составени од претставници на банката, извршители, проценители, геометри, претставници на стечајниот управник, заедно со полициска логистика го започнаа процесот на предавање, односно преземање на движен и недвижен имот на оваа некогашна телевизија, објави „Фактор“.

a1

Според извори на порталот, преземањето на имотот е резултат на кредитен долг. Банката треба да наплати 1,6 милиони евра. Постапката практично значи дека имотот од рацете на стечајниот управник оди кај НЛБ Тутунска Банка.

Според првичните сознанија, вклучени се објектите, дворното место, како и движниот имот во телевизијата.

Стечајната постапка во некогашната водечка телевизија почна на 26 јули, а на почетокот на 2012 та година стечајниот управник Ацо Петров предложи ликвидација на фирмата. Во текот на постапката Петров призна 60 отсто од побарувањата на доверителите во вредност од 23 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top