| четврток, 6 декември 2018 |

Од вратар до папа

27072013103526_papa francisk

Папата Франциск е симбол за промени во Католичката црква бидејќи од неговото доаѓање како ретко кој негов претходник пропагира скромност. Но, некогаш во младоста и тој знаел да биде строг, а доказ за тоа е професијата која ја работел додека студирал – вратар во бар.

Папата откри дека додека бил млад едно време работел како вратар во бар во Буенос Аирес и негова задача била да ги исфрла проблематичните гости. Оваа информација, која ја сподели „Дејли меил“, папата ја открил пред група верници од Рим со кои имал неформална средба.

Но, тоа не е единствената интересна работа поврзана со папата. Малкумина знаат дека тој пред да стане свештеник бил вљубеник во тангото и имал девојка со која настапувал.

Меѓу последните вести поврзани со него е и онаа дека откако седна на чело на Католичката црква, папата тајно се искрадува навечер и им дели пари на сиромашните во Рим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top