Тајната мрежа од затвори на ЦИА во Европа е тема на ретко организирано отворено ислушување за дела во Европскиот суд за човекови права.
Адвокати на двајца осомничени терористи, кои во моментот се во Гвантанамо, бараа процес заради непочитување на човековите права на нивните клиенти од страна на Полска.
Двајцата тврдат дека биле киднапирани и измачувани од американските служби во затвор во Полска.
Тоа е прв случај во кој во судски процес се разгледува улогата на европските сојузници на САД во борбата против тероризмот. Двајцата осомничени терористи се Саудиец и Палестинец кои тврдат дека биле донесени во Полска од страна на луѓе од ЦИА во декември 2002 година каде што биле затворени и испрашувани во воена база во североисточниот дел од државата. Поранешни агенти во ЦИА тврдат дека затворот во Полска постоел од декември 2002 година до пролетта 2003 година каде што биле притворени осуммина осомничени терористи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)