Надзорната камера што се наоѓа пред чајџилницата „Kај Џељо“ можно е да помогнала да се идентификува убиецот на Џељал Ајети или, пак, евентуално возилото со кое дошол и побегнал сторителот кој брутално го застрела сопственикот на локалот во петокот, пишува Дневник. Од МВР засега не откриваат дали ги зеле снимките и дали евентуално на нив имало нешто што помогнало на истрагата.
– МВР секогаш ги користи сите средства што можат на каков било начин да помогнат во истрагите, вклучително и снимки од надзорни камери – изјави Иво Kотевски, помошник на министерот за односи со јавност.
Дека камерите не се само украс и дека биле активни се покажа и во април 2010 година кога напаѓач влезе во објектот и го изрешета внукот на Ајети, Љујзим Лимани (15), кој бил сам внатре. Но, убиецот тогаш го зел со себе и компјутерот преку кој биле управувани камерите, така што не останал видеозапис од егзекуцијата. Инаку се знае дека убиецот во петокот бил маскиран, но можно е кратко време пред да влезе во локалот камерите да го уловиле или, пак, возилото со кое дошол.
Од МВР не потврдуваат ниту демантираат дека убиецот од местото избегал со возило, што можеби е снимено на други камери на објекти во близина на чајџилницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?