Иако се чекаше следната година да биде објавен датумот на венчавката, која поради одредени семејни причини беше откажана, пејачката Фани Христова и нејзиното долгогодишно момче Дејан ја раскинаа свршувачката, пренесува „Вечер“.
Пејачката и диџејка неодамна го отстрани и љубовниот статус на „Фејсбук“, како и заедничките фотографии со свршеникот.
– Прво да го најдам човекот на мојот живот, па ќе ја замислувам идеалната свадба, оти вака немам инспирација… – изјави таа неодамна.
Пред седум години Фани беше на прагот на првиот брак со пливачот Александар Маленко. Минатата година по втор пат раката ѝ ја побара битолчанецот Дејан, сопственик на салон за разубавување со кого исто така се раздели по неколкугодишна врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.