Горан Пандев на импресивен начин, со гол и асистенција против Лацио, го прослави јубилејот, 300. меч во Серија А. Против својот поранешен тим, македонскиот интернационалец во Наполи прикажа одлична партија, што ја круниса со погодок во 50. минута за водство од 2-1 на гостите од Неапол. Маџо асистираше, а Горан одлично се снајде на петерецот и рутински ја смести топката во мрежата.
Во 72. минута, нов блесок на „деветнаесетката“ на Наполи, овојпат со мајсторска асистенција до Игуаин. Пандев со убав0 додавање го исфрли сам аргентинскиот ас, а Игуаин не греши во позиција еден на еден и ја погоди мрежата на Маркети. За Игуаин втор гол на мечот, за Пандев гол и асистенција и тоа е дуото што го покори Рим и беше најзаслужно за победата на Наполи од 4-2. Игуаин беше стрелец на првиот гол, Калјехон го постигна последниот на мечот, а за домаќините Бехрами си даде автогол и Кејта стрелаше прецизно.
Lazio 2-4 Napoli All goals and highlights serie… by Elgates
Наполи со 31 бод ја задржа третата позиција, зад лидерот Јувентус кој има 37 бода и Рома со 34.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот



