Андреј Жерновски смисли нов начин да привлече внимание. И овој пат тоа не е со работа и проекти, туку со обвинувања и клевети. Во обид да се излече себе си од кашата која сам си ја создаде и подигнатите очекувања кај СДСМ дека кој знае што ли има во проектот “Скопје 2014” и откако виде и покрај сите можни ревизии дека нема ништо незаконско и спорно сега за да дефокусира сега започна јавно прашања да поставува, стои во писмената реакција од СДСМ – обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив Никола Груевски ниту правел криминал, ниту поддржувал, ниту му паѓа на памет да поддржи било каков криминал и незаконско работење и тоа им е јасно на сите.
-И наместо да поставува прашања и да продолжува да си игра играчки со јавноста го повикуваме доколку има било што незаконско или спорно да покрене кривична постапка. Несериозно е на ваков начин да ја дефокусира темата и затоа не не` чуди тоа што и опозициските медиуми веќе ја критикуваат опозицијата за ваквиот нивен несериосен однос кон проектот “Скопје 2014” за кој на виделина излегуваат лагите и манипулации кои тие ги шират.Соодветно на досега прикажаното, и судејќи според контрадикторноста и слабоста на аргументите на Жерновски може веднаш да се заклучи дека обвинувањата за некаков криминал се апсолутно невистинити. Отуука се покажува дека Андреј Жерновски не е за верување. Тој ја превзема улогата на политикант кој освен волјата да троши енергија за млатење празна слама, го мрзи врвките од своите чевли да си ги заврзе. Зошто ако не беше така тој досега ќе имаше нешто сработено со што ќе можеше да се пофали. Но проекти и дела во Општина Центар нема. Токму затоа Жерновски наместо да го троши времето да изгради нешто, се занимава со претходно изграденото. Впрочем тој целата своја кариера ја темели врз напади и клевети врз други. За тоа дали имало или немало криминал надлежнни се овластените институции, и тие ќе кажат дали постои или не постои незаконитост во проектот “Скопје 2014”. Но, Жерновски треба да се запраша што ќе биде ако утврди дека не постои. Ќе се извини ли Жерновски, не само на Груевски туку и пред целиот народ, затоа што додека лажеше дека ќе воведе гас, ќе изгради училишта и градинка и редици други работи заборави дека треба да го исполни ветеното и се зафати со проектот “Скопје 2014” кој е тука и во голема мера е изграден. Немањето на храброст на Жерновски тој самиот да поднесе кривични пријави сведочи за тоа дека и самиот неверува во она што го говори. Затоа Жерновски го замолуваме јавно со име и презиме да каже кој според него направил криминал, ако тоа е г-динот Груевски тогаш нека каже со име и презиме, ако е некој друг тогаш нека го каже кој е, и притоа да не се служи со лаги и клевети, како на пример онаа дека ВМРО-ДПМНЕ наводно потврдила дека 8 милиони евра се малку пари. Тука е сосема јасно што се сакаше да се каже. Порано лажеа дека наводниот криминал е многу поголем па на крај се сведоа на 8 милиони за кои не кажуваат кој ги направил, а ги имаат сите документи на располагање. Треба да биде свесен Жерновски дека нема да може својата неспособност вечно да ја крие зад манипулирање и лажење – велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)