| четврток, 6 декември 2018 |

Две крила во младината на СДСМ – нови несогласувања во партијата

miting gostivar sdsm

Несогласувањата и поделбите во Социјалдемократскиот сојуз продолжуваат. Покрај кавгите кои изминатиов период се појавија по општинските организации на СДСМ низ Македонија и превирањата во врвот на СДСМ, сето тоа се пренесе и врз младите социјалдемократи – објавив Курир.
Според наши информации, изминатиов викенд е прекинат Централен одбор на СДММ бидејќи имало големи недоразбирања помеѓу две крила кои се појавиле по изборот на Стефан Богоев за претседател на младите социјалдемократи. Од една страна фракцијата на струмичкото крило во СДСМ, на чело со младиот социјалдемократ Фидан Колев, и од друга скопската фракција, чиј предводник е веќе новоизбраниот претседател на СДММ, Стефан Богоев.

Главната причина за кавгите во социјалдемократската младина и до прекинувањето на ЦО на СДММ се неуспешните обиди на сега веќе новоизбраниот претседател, Богев, да го состави Извршниот одбор на СДММ, кои неколку пати не му бил усвоен и изгласан на Извршниот одбор на СДСМ бидејќи се појавиле опструкциите лично од членовите кои важат за блиски до претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Од извори блиски до СДММ, фракцијата од Струмица е незадоволна од предлогот за членови на Извршниот одбор на подмадокот, но и од самиот избор на претседател на СДММ.

Ова не е прв пат во подмладокот на СДСМ да се случуваат превирања. Таков беше случајот и со Михаил Младеновски, поранешниот генерален секретар на СДММ кои што се спротистави на политиките и одлуките на СДСМ за кои што потоа беше исклучен од структурите на СДСМ, заедно со сите млади членови кои му дадоа поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top