| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичките лобисти на Заев против „Скопската шема“- судир на двете струи во подмладокот на СДСМ

stefan bogoev sdsm

Вчерашното заседание на Централниот Одбор на младината на СДСМ е прекинато од како дошло до поголеми недоразбирања помеѓу актуелниот претседател на партиската младина Стефан Богоев, и струмичкиот член Фидан Колев, јави Охрид 1 повикувајќи се на извори во СДСМ во Скопје.

-Струмичанецот Фидан Колев бил близок до лидерот Зоран Заев, а неговите амбиции биле со поддршка на партискиот лидер да застане на чело на партиската младина. Планот Колев да стане лидер на младината пропаднале пред три седмици кога на надемократски и фер избори внатре во партијата бил поразен со 26 гласови спрема 11 гласови од скопјанецот Стефан Богоев, пишува порталот.

Според извори на Охрид 1, на вчерашното прекинато заседание на Централиот Одбор требело да се избираат членови на Извршниот одбор, но заради настанатите тензии помеѓу Фидан Колев и останатите дошло до прекин на заседанието.

Судирот помеѓу Колев и Богоев, според порталот, траел уште пред изборот на Богоев за лидер на младината, а завршил со победа на т.н. крило ”Скопска шема”, наспроти струмичките лобисти на Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top