| четврток, 6 декември 2018 |

Огнен Амиџиќ и купи автомобил на сопругата која му роди син

Српскиот водител Огнен Амиџиќ, кој во петокот со сопругата Данијела Димитровска го добија своето прво дете, не ја криел радоста поради приновата, а за тоа колку ја сака својата сопруга и колку е среќен што му се роди син го покажал со тоа што ден по породувањето на Данијела тој бил снимен како ѝ купува автомобил на својата сопруга, објави „Плус инфо“.

Српски „Ало“ објави фотографии на кој се гледа водителот во еден салон за автомобили, како мерка и испробува неколку модели, во што му помогнала и една негова пријателка.

Огњен и пријателката долго време разгледувале автомобили бидејќи сакале да бидат сигурни дека ќе биде удобен за мајката и бебето. Иако долго време гледале црвени автомобили, на крај избрале еден бел модел со фул опрема, за кој новопечениот татко одвоил 12.000 евра. Автомобилот е избран и купен, а пресотанува само Огњен на својата сопруга да и ги предаде клучевите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top