Вработените од Трикотажа Пелистер, прославија несекојдневен јубилеј, 90 гoдини постоење, што ја прави оваа фирма единствена, не само во земјава туку и пошироко, објави „Тера“.
-Редок е примерот да се биде фирма или компанија која опстојува 90 години, вели Димитар Димитровски поранешен директор на Трикотажа Пелистер
Тој додава, дека човечкиот фактор е всушност диригнетот на еден оркестар, кој ги спознава послабите учесници и го вади максимумот од нив, со што како целина, оркестарот е успешен и продолжува напред.
-Постојана работа и квалитет е она што не одржува сите овие години, вели Роза Василевска директор на Трикотажа Пелистер
Токму од страна на оваа фирма, слоганот 100% памук 100% здравје, е оправдан .
-Се стремиме и натаму да останеме на истиот пат, вели Дијана Василевска менаџер во Трикотажа Пелистер.
Трикотажа Пелистер во моментов 70% од своите производи ги продава на странските пазари, Франција, Косово, Словенија, Шведска Швајцарија додека 30% на домашен пазар.Целта на комапнијата е и понатаму да се освојуваат нови пазари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.