| четврток, 6 декември 2018 |

Линдзи Лохан станува домаќинка?

Проблематичната актерка Линдзи Лохан одлучила да стане вистинска домаќинка за празниците. На Инстаграм објавила фотографии ка кои се гледа нејзиното вкусно празнично јадење по рецепт на Карли Хол која гостувала во емисијата „The Chew“. Се чини дека била задоволна со својата кулинарска уметност бидејќи покрај фотографијата ги ставила следниве ознаки: #werk #cook #own #yummy! #thechew thanks for your amazing recipe!!!!! Се чини дека животот во Њујорк и годи на Линдзи бидејќи никогаш не изгледала посреќно и поздраво. Пред неколку месеци излегла од центарот за рехабилитација и како што изгледа не планира да се врати таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top