| четврток, 6 декември 2018 |

Бејл втор Британец со хет-трик во Шпанија, првиот, Линекер, веднаш му честиташе на Твитер

Герет Бејл одигра извонреден меч за Реал Мадрид против Валјадолид и речиси сам ги победи гостите на „Сантјаго Бернабеу“ со 3 гола и една асистенција. Талентираниот Велшанец е само вториот фудбалер што доаѓа од Велика Британија со хет-трик во шпанското првенство, а интересно е што првиот што го стори тоа, Гари Линекер, веднаш му честиташе преку Твитер.

lineker

 

„Му честитам на Герет Бејл, што стана само вториот Британски фудбалер со хет-трик во историјата на Ла Лига“, напиша Линекер.

Бејл беше стрелец на првиот, третиот и четвртиот гол за Реал Мадрид, а му асистираше и на Бензема за предност од 2-0 на „кралскиот“ клуб. Интересно е што против Валјадолид не играше Кристијано Роналдо, алфа и омега во составот на Реал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top