Барселона е вистинска ракометна машинерија и не дозволува премногу изненадувања, а вечерва му се реваншираше на македонскиот првак Вардар за неочекуваното реми во Скопје (29-29). Во „Блауграна“ Барса славеше уверливо со 30-23, резултат што е превисок, бидејќи макеонскиот првак до 50 минута од мечот одлично се држеше. Каталонската фурија го засили темпото во финишот и направи големи 7 гола разлика.
Вардарци не успеаа да ја искористат неверојатната вечер на голманот Страхиња Милиќ, кој имаше неверојатни 19 одбрани, што за натпреварување какво што е Лигата на шампионите е подвиг. Популарниот Џамбо одбрани мнопгу тешки удари, но нападот на „црвено-црните“ потфрли во фиинишот, во последните десетина минути. Брумен со 6 гола и Дибиров со 5 се обидуваа да се спротивстават, но немаа сили заедно со Душебаев кој постигна 4 гола да и се спротивстават во исто темпо на Барса до крај.
Вардар сега мора да го победи директниот конкурент Динамо Минск, за да се надева на пласман во топ-16 фазата. Со 6 бода Вардар е четвртопласиран, зад Барселона со 13 бода, Металург со 8 и Пари Сен Жермен со 7.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.