Македонскиот шампион Вардар одигра храбро и сосема солидно против најтрефејниот ракометен клуб на планетата, Барселона, но грешките во финишот ги плати скапо и по 30 минути игра губи со 11-14.
Страхиња Милиќ брани извонредно, нанижа 10 одбрани, а македонскиот состав на 3 минути до крајот на првиот дел имаше нерешен резултат, 11-11. Во последните 180 секунди, Барселона постигна 3 гола во серија, за солидна предност во „Блауграна“ по половина час игра.
Првиот меч меѓу двете екипи во Скопје, заврши нерешено 29-29.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.