| четврток, 6 декември 2018 |

Непознати мотивите за убиството во Ченто

Биланс на синоќешната престрелка во Ченто: Џелал Ајети (1967) е убиен, а лицето И.М. (1964) е повредено синоќа околу 18 часот во чајџилницата „Кај Џељо“ во Ченто, каде што влегол непознат напаѓач маскиран со фантомка и пукал во гостите со автоматска пушка.

Според информациите од СВР Скопје, поврденото лице е пренесено во Хируршката болница „Св.Наум Охридски“.

Напаѓачот е се уште во бегство и полицијата трага по него. Не се соопштуваат мотивите за убиството.

Фотогалеријата од настанот погледнете ја овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top