Еден полицаец од Дрезден е уапсен под соменж дека го убил својот секс-партнер и потоа јадел делови од неговото тело.
Полицаецот е уапсен откако на планината Ерц во источна Германија е откриено осквернавено мртво тело на маж од Хановер, кој од пред извесно време се водел како исчезнат.
Полицијата верува дека двајцата мажи се запознале преку интернет страница на љубители на садо-мазо секс, по што договориле средба.
Првите сознанија што ги има полицијата покажуваат дека жртвата била изложена на тортура, потоа убиена и на крајот неговото тело било искасапено.
Телото е најдено закопано во близина на куќа во сопственост на осомничениот полицаец. На телото на жртвата недостауваат неколку делови, па полицијата верува дека тие се изедени.
Поради ова, осомничениот, кој работел како форензичар државното биро за криминална истрага, покрај за убистбо е осомничен и за канибализам.
Засега не се знае дали станува збор за намерно извршено убиство или пак „сексуална игра“ излегла од контрола и завршила трагично
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.