| четврток, 6 декември 2018 |

Одлични премии за Германците, за триумф во Бразил по 300 илјади евра за секој фудбалер

Одлични премии ќе имаат германските репрезентативци ако ја освојат светската титула на мундијалот во Бразил следното лето. Стандардните играчи на „елфот“ ќе добијат бонус од по 300 илјади евра одделно, а договорот за висината на наградите го одреди фудбалската федерација во кординација со капитенот Филип Лам.

Ако се пласираат во финалето, германските репрезентативци ќе добијат по 150 илјади евра, настап во полуфиналето им носи премии од по 100 илјади евра, а пробив меѓу октетот најдобри во Бразил ќе им го збогати контото за по 50 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top