| четврток, 6 декември 2018 |

Нова претстава на „Дел арте“ во режија на Бојан Стојков

По првата претстава „Љубов или нешто слично“, чиешто прикажување помина одлично кај битолската ублика, театарот „Дел арте“ подготвува нов проект.

„Локал 69“ е комедија на интрига и повторно, како и за првата претстава, е по текст на Димитар Захариевски и во режија на познатиот македонски пејач Бојан Стојков.

Воедно, и Захариевски и Стојков ги имаат главните улоги, а покрај нив во „Локал 69“ настапуваат Климентина Митревска, Елена Тодосиоска, Тамара Стојкковска и Глорија Лазовска.

Претставите ќе се одиграат во Центарот за култура во Битола на 9, 10 и на 11 декември, сите со почеток во 20.00 часот.

Театарот „Дел арте“ постои една година. Негова примарна задача е подготовка и изведба на театарски претстави (комедии), а секундарна – регрутацијата, селекцијата и едукацијата на новите таленти, со цел негување на вистинските вредности на комедијата и на префинетиот хумор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top