| четврток, 6 декември 2018 |

Списанието „Вог“ отвара ресторани и барови

Издавачката куќа „Конде Нест“ најави отварање на повеќе „Вог“ ресторани, барови и клубови оваа и во текот на следната година. Оваа година во Сингапур и во Банкок ќе се отвори ресторан, клуб и бар „Вог“. Воопшто не е за изненадување тоа што лиценцирани угостителски објекти на „Вог“ се отвараат во Азија, најмногу заради високата платежна моќ на граѓаните, но и фактот дека на овој пазар западните брендови поминуваат многу добро.

Ваков „Вог“ ресторан ќе се отвори и во Дубаи во втората половина на оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top