Демократскиот сојуз соопшти дека денеска почна собраниската постапка за донесување на измените на Законот за заштита на сведоци.
Со измената во Законот се предлага намалување на казните за објавување на податоците за правиот идентитет на заштитен сведок и тие да се движат од три месеци до три години, а во тешки случаи, четири, осум години и над осум години затвор.
– Казните за службените лица и за сите оние што во вршењето на службените задачи доаѓаат до класифицирани информации за сведоците, се предлага да останат исти, при што ќе се движат од четири години, па сѐ до доживотен затвор – вели Павле Трајанов.
Како што соопштија од Демократскиот сојуз, во согласност со новиот Закон за кривична постапка, чија примена почнува од 1 декември 2013 година, сведоците со прикриен идентитет и натаму остануваат како посебни истражни мерки (во овој дел ништо не се менува) за спречување, откривање и докажување тешки кривични дела, како што се тероризам, наркобизнис, трговија со луѓе, кривични дела против државата и друго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.