| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел Кајмакоски гостин на албумот на Тони Зен (ВИДЕО)

toni-zen daniel-kajmakoski

Момчето кое македонската јавност го запозна и засака пред само неколку дена е добро познат во музичките кругови. Даниел Кајмакоски, покрај тоа што ја напиша „Не се враќаш“ за Каролина Гочева, е и автор на една од песните во новиот албум на Тони Зен.

Момчето од Струга е гостин во албумот „Микро скопски организам“. Заедно со Нино Васков, Даниел е автор на музиката на песната „Слобода“, а ја изведува заедно со Тони Зен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top