Бугарскиот шампион Лудогорец е најпријатното изненадување во Европа Лигата на УЕФА, натпреварување во кое учествува, откако не успеа да се пласира во Лигата на шампионите. Вечерва составот од малото место Разград повторно го победи ПСВ Ајндховен со 2-0 и си осигура пласман во следната фаза.
Безјак постигна по еден гол во двете полувремиња за нова победа на Лудогорец, четврта во 5 натпревари. Гигантот од Ајндховен играше бледо и сега пласманот понатаму му е загрозен, особено по победата на Черноморец во Одеса против Динамо Загреб. Двете екипи имаат по 7 бода и во меѓусебен дуел во Ајндховен во последната рунда ќе одлучуваат која екипа ќе оди понатаму.
Валенсија со победа од 1-0 на гости му се реваншираше на Свонси за поразот од 0-3 на „Месталја“ и си обезбеди настап во следниот круг. Битката за трофејот го продолжуваат и Фиорентина, Дњипро, Ајнтрахт, Салцбург, Есбјерг, Рубин Казањ, Генк, Лион, Трабзонспор, Лацио, Тотенхем, Анжи, Аз Алкмар и ПАОК.
Резултати од натпреварите играни во 21,05 часот: Свонси – Валенсија 0-1, Лудогорец – ПСВ 2-0, Черноморец – Динамо Загреб 2-1, Бордо – Ајнтрахт 0-1, Дњипро – Пандури 4-1, Елфсборг – Салцбург 0-1, Есбјерг – Стандард 2-1, Пакош Фереира – Фиорентина 0-0, Виган – Зулте Варегем 1-2, АПОЕЛ – Макаби Тел Авив 0-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


