| четврток, 6 декември 2018 |

ФИФА конечно и ја призна победата на Јужна Африка против Шпанија (видео)

Светската куќа на фудбалот ФИФА, конечно и ја призна победата на Јужна Африка против Шпанија забележана во пријателски натпревар, одигран на 19. ноември. Популарната „Бафана бафана“ победи со 1-0, со голот на Паркер, а спорни беа седумтте измени што ги направи селекторот на европскиот и светски првак Шпанија, Висенте дел Боске. Договорени и дозволени беа 6 замени на играчите во двете селекции, но принудно поради повреда на голманот Виктор Валдес, шпанците направија 7 измени.

ФИФА веднаш одби да го регистрира натпреварот, но по повторно разгледувања на случајот, одлуката е сменета. Јужна Африка е првата селекција што ја прекина низата на „црвената фурија“ од 17 меча без пораз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top