| четврток, 6 декември 2018 |

Ново раѓање на хоророт „Петок 13“

Франшизата „Петок 13“ ќе биде повторно родена во петок, 13 март 2015 година, кога легендарниот хорор-серијал ќе добие ново издание во сите кина.

„Парамоунт“ потврди дека се работи на преработка на „Петок 13“, еден од најголемите хитови од 80-тите години, а го најави и датумот на премиерата – нов „Петок 13“ во кината ќе се прикаже на 13 март 2015 година.

Проектот се најавуваше од јуни, но, конечно, како што пишува „Емпајр“, доби официјална потврда и датум на премиерата. Овој филм се очекуваше и порано, но поради конфликтот за авторските права проектот е одложен сѐ додека „Варнер Брос“, сопственик на правата на приказната, не даде зелено светло на „Парамоунт“, во замена за дел од профитот од „Interstellar“ на Кристофер Нолан.

Актерите и режисерите сѐ уште не се познати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top