Чоколадо
Чоколадото во најголем дел се произведува од какаото кое се одгледува во Западна Африка. Работата е што Западна Африка за производството на какао го злоупотребува детскиот труд. Дури и да се реши овој проблем, на фармерите во овој дел од светот не им се исплати премногу одгледувањето на какаото.
Претпоставката е дека за едно 20 години, чоколадото може да стане храна која ќе чини богатство и сигурно нема да биде достапно во толкаво количество како во сегашен период.
Сардини
Љубителите на оваа риба ќе ја консумираат во помало количество во иднина. Минатиот месец, бродовите кои тргнаа во лов на риба во западниот дел од Канада се вратија без улов. Претпоставките се дека загубата изнесува 32 мил.долари. Но, падот на количеството не се должи само на слабиот лов. Дел од причината е и фактот што сардините сè помалку се размножуваат заради промената во температурата на морињата.
Текила
Во 2007 година бербата на сина агава во Мексико драстично се намали. Ова растение е главна состојка од која се прави текилата, а во споменатиот период околу 20% од плантажите со сина агава беа погодени од болести. Но, фармерите во Мексико кои одгледуваат сина агава се соочија со уште еден проблем – фактот што не им се исплати производството.
Големите производители знаејќи дека производството на сина агава се намалува почнаа да складираат од ова растение. Тоа за нив ќе значи богатство, а за уживателите на текила испразнет џеб.
Вино
Работите стојат вака. Побарувачката на вино се зголемува, а производството опаѓа. Минатата година производството на вина опаднало за пет проценти. Највознемирувачка е веста дека производството во Европа опаднало за 10%. Инаку во Европа се произведува половина од количеството на вино во светски рамки.
Козјо сирење
Со пад на производството и зголемувањето на побарувачката, се стравува дека во наредните месеци ќе дојде до зголемување на цената на козјото сирење.
Џорџ Пол, еден од директорите на компанијата „Бредбери и Синот“, кој е водечки увозник на козјо сирење во Велика Британија, тврди дека популарноста на овој производ е во пораст.
– Ова ќе влијае на цената, но уште повеќе и на расположливите резерви. Веќе има дефицит во однос на моменталната побарувачка – објаснува Пол.
Сланина
Еден од највкусните месни производи ќе го има во сè помало количество (како и останатите свински производи), а на тоа влијаат неколку различни фактори. Одгледувачите на свињи го намалуваат производството заради високите трошоци. Ова најмногу се должи на порастот на цената на храна за свињите, последица на минатогодишната суша. Тоа не значи дека ќе нема сланина, туку дека цената ќе се зголеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Подравка“ повлекува дел од замрзнатите производи заради сомнеж за можно микробиолошко отстапување
-
Овие намирници може да ги јадете и кога ќе им помине рокот на траење
-
Од Нова Година поскапување на сите производи во продавниците низ Македонија
-
Ракот кај луѓето се појавува поради два производа што ги консумираме во нашето секојдневие