
Жена од тетовското село Бродец била претепана со метална прачка бидејќи видела непознат на балконот од нејзината куќа. Натрапникот прво ја предупредил да не вика, а потоа ја удрил со металната прачка. Жената била пренесена во тетвоската болница и е надвор од животна опасност.
МВР јави дека вчера околу 20 часот во селото Бродец-Тетово, на балконот од сопствената куќа, Р.З.(46) забележала засега непознато лице, кое ја удрило неколку пати во пределот на главата со метална прачка. Имено, таа излегла на балконот и кога го забележала лицето почнала да вика, а тоа ѝ се заканило дека ќе ја убие доколку не престане да вика. Р.З. е пренесена и задржана на лекување во МЦ-Тетово и е надвор од животна опасност. Увид на самото место извршила увидна екипа од СВР-Тетово, при што се подигнати траги слични на крв, кои ќе бидат доставени за вештачење. СВР-Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Маж уапсен бидејќи појадувал со жена (ФОТО)
-
Охриѓанец е осомничен за вчерашното убиство во Велгошти
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките


