Среќно и благодарение на умешната реакција на пилотот на авионот, експедицијата на Манчестер јунајтед избегна нова трагедија. И повторно драмата се случуваше во Германија, каде што во 1958 година се урна авионот што ги враќаше играчите на Јунајтед од Белград од натпреварот во КЕШ со Црвена звезда. Трагедијата се случи во Минхен, а загинаа 23 члена на експедицијата на „црвените ѓаволи“.
Овојпат, за среќа, беше избегнат судир на два авиона во Келн, при патувањето на тимот од Манчестер во Леверкузен, на натпреварот против Баер во рамките на Лигата на шампионите. Пилотот наеднаш морал да го крене авионот откако на само 400 метри височина при слетувањето забележал дека на пистата има друг авион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


